info

Aвстрија - Германија - Франција - Шпанија - Италија


ДЕН 1: СКОПЈЕ
Поаѓање од Скопје во пладневните часови. Патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ДЕН 2: ВИЕНА
Пристигнување во Австрија во утринските часови. Разглед на Виена, градот на големите класици со локален водич: дворецот Шенбрун, катедралата Св. Стефан, Хофбург, Парламентот, државната Опера, театарот Бург... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

ДЕН 3: ВИЕНА - МИНХЕН
Појадок. Тргнување кон Германија и пристигнување во Минхен во раните попладневни часови. Разглед на градот со уникатната Баварска архитектура и култура: плоштадите Карлсплац и Мариенплац, градското собрание - Ратхаус, познатата пешачка и добро снабдена шопинг зона. Слободно време за индивидуални активности или шопинг. Вечерна посета на една од многубројните пивници во главниот град на Баварија и светски познатото ,,Hard Rock Cafe” . Во полноќните часови продолжување на патуањето кон Франција со претходна пауза во Минхен од 9 часа. Ноќно возење преку Штудгарт и Мец со попатни паузи...

ДЕН 4: ПАРИЗ.
Во претпладневните часови пристигнување во француската престолнина Париз-најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Организирано запознавање на градот со попатен панорамски разглед на Париз со локален водич: плоштадот Бастиља, Трокадеро, Ајфеловата Кула, Елисејските полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ДЕН 5: ПАРИЗ
Појадок. Факултативна посета со автобус на Версај, еден од најубавите дворци во светот и попладневна факултативна посета на Лувр кој е најголемиот музеј во светот. Слободно време за прошетка , романтично и незаборавно крстарење по Сена. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

ДЕН 6: ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Целодневен факултативен излет до Дизниленд - градот на соништата. Во вечерните часови продолжување на патувањето кон Азурниот брег ноќно возење.

ДЕН 7: ПАРИЗ - КАН
Пристигнување во Кан во утринските часови. Кратка прошетка низ космополитскиот град: шеталиштето Ла Кроазет, Филмска Палата, плажата на фотомодели, хотелот Карлтон. Попатна посета на малото рибарско градче Антиб седиштето на музејот на Пикасо. Поаѓање за Ница. Разглед на Ница: Англискато шеталиште, хотел Негреско...Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

ДЕН 8: НИЦА - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Тргнување за Монако со попатна посета на Фрагонард - Галимард во Езе (информативна програма за изработка на парфеми). Продолжување на патувањето кон Монако: смена на стража, Кнежевската Палата, катедралата Св. Никола со гробниците на Грејс Кели и Принцот Рение, океанографскиот музеј...по Ф1 патеката се спуштаме до Монте Карло: Посета на Казиното Монте карло, кафе Париз, хотел Париз...Во полноќните часови продолжување на патувањето кон Шпанија. Ноќно возење.

ДЕН 9: ЛОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во познатото монденско летувалиште Лорет Де Мар во пладневните часови и сместување во хотел. Ручек. Слободно време за одмор. За време на целиот ваш престој во престолнината на ноќниот живот на Коста Брава ќе имате можност да осетите неповторливи забави во еден од најпознатите клубови на тој дел од Шпанскиот брег (сите денови со една влезница). Ќе има и тематски забави, а особено ви ја препорачуваме Foam Party, кога ќе треба да заборавите на вообичаената облека и во диско да тргнете со костим за капење. Вечера. Ноќевање.
ДЕН 10: ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРСЕЛОНА
Појадок. Поаѓање за Барселона. Разглед на градот со локален водич: булеварот Диагонал, Саграда Фамилија, улицата Рамблас, Универзитетот, бизнис квартот, Готската четврт, стадионот Ноу Камп, Гуеловиот Парк, Националната Палата, Колумбовиот Споменик, Шпанско Село, брдото Мон Жуик, плоштадите Каталонија и Шпанија. Ручек (ланч пакет). Враќање во Лорет. Вечера. Факултативно-вечерта извонредна можност да се ужива во оригиналниот фолклор со посета на ФЛАМЕНКО-најдобрите фламенко танчери во Шпанија како и можност да ги чуете мајсториите на најголемите виртуози на акустична гитара во Каталонија,а сево ова придружено со прекрасниот вкус на сангриа. Ноќевање.

ДЕН 11: ЛОРЕТ ДЕ МАР- ФИГУЕРАС
Појадок. Полудневен факултативен излет до Фигуерас-родното место на Салвадор Дали и седиште на истоимениот музеј. Ручек (ланч пакет). Слободно време за индивидуални активности.. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 12: ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРСЕЛОНА
Појадок. Целодневен факултативен шопинг излет до Барселона со можност за посета на Аквариумот, Маремагнум. Посета на магичните фонтани. Во вечерните часови поаѓање кон поаѓање кон пристаништето, сместување во кабини. Испловување од пристаништето на Барселона во 22:00h...Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC...) на “хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија.

13. Ден („КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ“ - CIVITAVECCHIA)
Слободно време за Слободно време за користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”... жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, базен, фитнес, џакузи, free shop... Впловување во пристаништето на Civitavecchia покрај Рим околу 19 часот. Договорена посета на дискотеката на бродот. Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC...) на бродот кој е усидрен во пристаништето на Civitavecchia покрај Рим.

14. Ден (РИМ)
Во утринските часови поаѓање за Рим. По пристигнувањето,организиран разглед на градот со локален водич, Антички Рим: Колосеум, Римски Форум, Форум на цар Трајан, Капитол, Плоштадот Венеција и Плоштадот Кампидоглио. Разглед на Барок плоштадите: Плоштадот Навона, Шпанските скали Trinita'Dei Monti, Fontana Di Trevi,Panteon, Quirinale и Плоштадот Колона. По обиколка на градот следува сместување на групата во хотел.
Ноќевање.

15.Ден (РИМ – МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ)
Појадок. Во утринските часови, факултативна посета на Ватикан, Ватиканските Музеи, Црквата во Ватикан, Систинската Капела, Катедралата Св.Петар... По завршувањето патувањето продолжува кон Монтекатини, градот на термалните бањи покрај
Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.

16.Ден (МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ – ФИРЕНЦА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО)
Појадок. Поаѓање за Фиренца. Разглед на Фиренца: Santa Maria Novella, Cappelle Medicee, Piazza di San Giovanni, Piazza Del Duomo, Piazza della Signoria, галеријата Uffizi, Ponte Vecchio, Palazzo Pitti... По завршувањето на престојот во градот на ренесансата, возење до Лидо до Јесоло. По пристигнувањето сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 17: ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Поаѓање за Венеција преку ,,Пунта Сабиони” од каде со брод се заминува на неколкучасовна прошетка низ Венеција: посета на Дуждевата Палата, затворот, плоштадот и базиликата Сан Марко, Венецијанските столбови, каналот Гранде, мостот Риалто, Санта Марија ДеЛа Салуте, мостот на Воздишките. Во попладневните часови тргнување кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија,Хрватска со попатни паузи...

ДЕН 18: ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Дневно возење преку Србија со попатни паузи и пристигнување во Скопје во попладневните часови .