Winter Break
Банско
Пред многу векови се раѓа населба со убавото име Банско. Селото е создадено во неверојатно место, до реката Глазне, во подножјето на прекрасната Пирин Планинa.
Со многувековна историја, ова село е духовната храна на тамошното население и е предмет на голем туристички интерес. Заоблени улици, куќи-тврдини со високи порти и долги стреи од црн Мурат, дебели огради и ѕидови даваат чувство на мистичност и непристапност. Гостите на Банско секогаш остануваат маѓепсани од духот на Банско и кај нив се јавува желба да се вратат пак и да уживаат во убавините на Пирин планина, бидејќи да си дел од природата е она што на секој му е потребно во бурното секојдневие.
Шетајќи по тивките улици на Банско, човек чувствува мир кој доаѓа од Пирин, со кој што е опфатен целиот град. Мноштвото мали и живи таверни, ресторани, дискотеки и кафулиња, го прават престојот на секој посетител во Банско едно исклучително и незаборавно искуство.
Снежната магија на Пирин го удвојува населението на Банско со гости од странство и од сите делови на Бугарија. Банско е град кој сугерира сопствено минато и автентичност во архитектурата и обичаите.
Еден од најатрактивните споменици на Банско е црквата "Света Троица". Таа е изградена во 1835г. И е една од најголемите трикорабни цркви без купола, издигнати во бугарските земји во тоа време. Во дворот на црквата се крева 30 метри кула со часовник.
Банско не е само збир од хотели меѓу убава глетка, а и уникатна атмосфера создадена и поддржана од историското, архитектонското и културното наследство, своевидна кујна и небројните места за забава. Банско е прогласено за уникатна населба со меѓународно значење за економски туризам (1979).
Покрај прекрасниот Пирин и многуте природни знаменитости, градот е богат со своите историски локации.
ПРОГРАМА БАНСКО 19-22.01.2012
1 ДЕН
Состанок со групата пред Дрво Декор на 19ти Јануари во 05:00ч. Поаѓање од Скопје во 06:00ч. Дневно возење.
Пристигнување и сместување во Хотел , во Банско, во 10:00ч.
Следува слободно попладне за одмор, индивидуални активности, запознавање со хотелот, услугите и околината. Вечерта продолжува со првата Јупитер ALL YOU CAN DRINK PARTY, во локален клуб во Банско, проследена со изненадувањата на познатите Јупитер аниматори и игри.
Ноќевање.
2 ДЕН
Појадок. Слободни часови до 17ч попладне за оние кои се занимаваат со зимски спортски активности. За сите останати Јупитер ALL DAY SNOW PARTY на бачило, проследена со интерактивни наградни игри, снежни натпревари и сл. Забавата трае до 20ч. Ноќта продолжува во локален клуб на International White Party до утринските часови.
Ноќевање.
3 ДЕН
Појадок
Опција 1 - Факултативен излет, организиран разглед на градот, можност за шопинг на сувенири, посета на културни знаменитости, локални кафеани и прошетка.
Опција 2 – Pub crawl Party - забава која се карактеризира со анимација и игри преку посета на 10 локални кафулиња.
Враќање во хотелот во 19.00ч. Вечерта следува подготовка во хотелот за последната ноќ со Јупитер, на Sexy Orange Party, проследена со караоке шоу и Јупитер награди за најдобрите.
Ноќевање.
4 ДЕН
Појадок. Напуштање на собите до 12ч.Багажот е сместен во автобусите. Групата заминува на бачило за последната незаборавна Јупитер CLOSING WINTER BREAK Party. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.




